Два „Титаника“ на СЈО денеска во Кривичен

105

Во Кривичниот суд Скопје продолжува судењето за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Титаник“ се наоѓа доказна постапка, а на минатото рочиште заврши сослушувањето на снимените разговори. На денешното рочиште треба да бидат разгледувани СМС пораки, предложени како доказен материјал.

Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.

Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титатник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...