Фудбалската федерација на Јапонија ја потврди информацијата дека ја прекинала соработката со босанскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ и објави дека репрезентацијата на Светското првенство во Русија ќе биде предводена од нов селектор.
Како главна причина за неговиот отказ се наведуваат слабите резултати на пријателските натпревари против Мали (1:1) и Украина (1:2).
Јапонија на Мундијалот во Русија ќе биде предводена од домашниот стручњак Акира Нишино.
Халилхоџиќ и пред четири години се најде во слична ситуација кога ја однесе репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на СП, а два месеци пред Мундијалот во Бразил доби отказ.