По три години пауза, хрватската поп-ѕвезда, Масимо Савиќ, ќе одржи два ексклузивни концерта во Македонската филхармонија во Скопје, на 3 и 4 февруари.
Публиката ќе има можност да ужива во “best of” програма, каде што Масимо и неговиот супер бенд ќе ги изведат најголемите хитови: “Izjednog pogleda”, “Stranac u noci”, “Dodirni me slucajno”, “Da mogu”, “Suze nam stale na put”, “Ostani tu”, “1000 ljudi”, “Kladim se na nas” и уште многу други песни кои ја одбележаа неговата 30 годишна музичка кариера.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (18.12) во 09 часот наутро, по цена од 1.500 денари и ограничена количина на ВИП влезници по цена од 2.000 денари, а истите ќе бидат достапни за купување во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.