Пожарите на Скопска Црна Гора и денеска се активни. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека од утрово интервенираат со два авиона и во 14 налети исфрлени се 35 тони вода.
– Воздухопловите и пилотите на ДЗС и денес направија сѐ што е во нивна моќ и надлежност, стои во соопштението во кое од Дирекцијата апелираат до сите инспекциски и земски надлежни служби (противпожарна, шумска полиција) агилно да се ангажираат и извршуваат своите задачи, да вршат редовни контроли и превенција, за да не се создаваат нови вакви пожари.
Апелираат и до населението посовесно да се однесува на отворен простор, да не палат отпадоци и стрништа, бидејќи и најмала искра може да доведе до пожари од големи размери.