Двајца џелати вработи Шри Ланка, ќе бесат четворица осуденици за дрога

Во Шри Ланка, смртна казна последен пат е извршена 1976 година, а погубување чекаат 1.299 затвореници, од кои 48-мина се осудени поради дрога.

115

Властите на Шри Ланка ангажираа двајца џелати во пресрет на бесењата со кои ќе се стави крај на 43-годишниот мораториум на смртната казна во оваа островска држава.

Министерството за правда соопшти дека двајцата кандидати се избрани од група од 36 лица кои ја минале обуката за џелати. За оваа работа во февруари се пријавиле 100-на луѓе.

Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена минатата седмица потпиша налог за погубување четворица осуденици за злосторства поврзани со дрога. Пресудата е бесење.

Во Шри Ланка, смртна казна последен пат е извршена 1976 година, а погубување чекаат 1.299 затвореници, од кои 48-мина се осудени поради дрога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...