Двајца штипјани удриле по жените

256

Секторот за внатрешни работи-Штип регистрираше два случаја на насилство врз жени. Во првиот случај, рано утринава во шест часот во Полициската станица во Штип 46-годишна жена пријавила дека околу четири часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Т.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова, во соопштението до медиумите вели дека се работи на расчистување на случајот, по што за сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

– Во текот на вчерашниот ден во 19:00 часот во Полициската станица Штип, 22-годишна жена од Штип пријавила дека истиот ден околу 16:30 часот во нејзината куќа во Штип била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг 27 годишниот С.Д. од Штип – посочи Панајотова.

Таа додаде дека се работи и на расчистување и на овој случај.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...