Турски државјани биле лишени од слобода поради лажни пасоши, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
-Половина час по полноќ на Граничниот премин „Богородица“ со патничко возило „фолксваген шаран“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62)од Република Македонија, допатувале У.А. (28) и Г.Р. (25) од Република Турција. При пасошка контрола, било констатирано дека пасошите на турските државјани биле предмет на потрага на Интерпол-Турција, односно биле пријавени за изгубени/украдени од имателот.
При претрес на багажот на турските државјани биле пронајдени уште две оригинални турски патни исправи. У.А. и Г.Р. биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка- велат од МВР.