Турските државјани Е.И. (24) и С.Ј. (26) со привремен престој во Скопје, вчера окоу 19 часот биле донесени во Ургентниот центар поради повреди со кои се здобиле, како што рекле, откако биле физички нападнати од страна на неколку непознати лица во близина на гимназијата „Ј.Б.Тито“.
МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.