Двајца тинејџери изрешетаа петмина ученици во училиште во Бразил

161

Најмалку пет ученици и едно возрасно лице се убиени во напад во училиште во Сао Паоло во Бразил. Нападот го извеле двајца тинејџери за време на одморот помеѓу часовите.

Двајца вооружени и маскирани адолесценти, освен учениците го убиле и директорот на училиштето „Раул Бразил“, по што, според одредени информации, се самоубиле.  Локалните медиуми информираат дека освен со огнено оружје, тие биле вооружени и со лак и стрела, ножеви, некаков сад, за кој подоцна се утврди дека е Молотов коктел и куфер, кој е однесен на вештачење во полиција.

Во нападот се повредени и најмалку девет лица, кои веднаш се пренесени во болница.

Гувернерот на Сао Пауло Жоао Дориа изјави дека жртвите биле „сурово убиени“.

Нападот се случил во 9.30 часот по локално време

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...