Денеска околу 02.20 часот пред угостителски објект на ул.„Бранко Заревски“ во населба Драчево – Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода С.А.(48) и Г.В.(49), и двајцата од Скопје, поради физички напад и спречување на полициските службеници при преземање на службени дејствија. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Драчево и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.
Двајца скопјани нападнале полицајци во Драчево, па завршиле во станица
loading...