СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Х.(29) и М.Х.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Како што соопшти МВР, на катарстарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, тие изградиле станбен објект.
Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост, се додава во соопштението.