Двајца работници се повредени синоќа во кругот на Железара при истовар на песок.
Полицијата соопшти дека работниците М.З.(50) и П.О.(56), двајцата од Скопје се повредиле откако при истовар на камион со песок се откачила приколка полна со песок во кругот на Железара.
Работниците се пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош биле задржани на понатамошно лекување.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.