Двајца од десетте повредени работници се критични

1314

Од десетте повредени градежни работници во Куманово, двајца се во критична состојба и веднаш се префрлени во Ургентниот хируршки центар во Скопје, други двајца се здобиле со тешки повреди , но не се во животно-загрзозувачка состојба, а останатите се стабилни и се задржани во кумановската болница, информираа надлежните од болницата.

Работниците се повредиле додека извршувале градежни активности претпладнево на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „Авној“ во Куманово, во населбата „Зелен Рид“ додека изведувале градежни активности помеѓу мрежи од арматури.

Претходно, директорката на болницата, Снежана Захариева, информираше дека двајцата потешко повредени веднаш по прегледите на кумановскиот ургентен центар, со комплетна медицинска екипа се префрлени во Скопје, а останатите беа задржани во кумановската болница каде им се пружаше помош.

Случајот го потврдија од СВР Куманово и нивни екипи се уште вршат увид на местото на несреќата, како и од обвинителството од каде велат дека локацијата е обезбедена и се прибираат и вештачат траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...