Две лица се обиделе насилно да внесат 19-годишна девојка во автомобил синоќа на улицата Индира Ганди во општина Чаир.
Во полициската станица Чаир, С.Г. (19) пријавила дека синоќа во 21.30 часот додека се движела по улицата Индира Ганди, зад неа се движело возило во кое имало две лица. Во еден момент возилото се доближило до девојката и застанало и притоа едниот ја фатил за рака и почнал да ја влече, а другото лице ја туркало од зад грб со намера да ја внесат во возилото.
Откако викнала по нејзиниот татко, насилниците побегнале, информира Министерството за внатрешни работи.