Двајца млади со автомобил влетале во пазарот во Неготино

325

Две млади лица ноќеска со автомобил влетале во градскиот пазар во Неготино и оштетиле тезги.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи Велес, Верољуб Додевски потврди за МИА дека настанот се води како сообраќајна незгода со материјална штета.

Како последица на недржење правец на движење, појасни тој, возилото излегло надвор од улицата и удрило во тезгите. Нема повеќе детали за инцидентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...