Двајца мигранти заразени со маларија во Велика Кладуша

49

Во прифатниот центар за мигранти „Мирал“ во Велика Кладуша двајца мигранти се заразени со маларија, соопштија официјални претставници во БиХ.

– И минатиот месец едно лице беше заразено со маларија, изјави министерката за за здравство на Унско-санскиот кантон, Нермија Чемаловиќ.

Меѓу мигрантите досега се регистрирани заболени од сида, хепатитис Б и Ц и туберкулоза, пренeсе дневниот весник Дневни аваз.

Чемаловиќ навела дека ресорното министерство секоја недела добива извештај за здравствената состојба на мигрантите од сите прифатни центри на подрачјето на овој кантон – „Мирал“, „Бира“, „Детскиот дом во Боричи“, „Сидра“ и „Вучјак“ .

Според неа, заболените мигранти, штом малку заздрават на инфективно одделение, бегаат од болницата, па нивното движење потоа е без надзор од властите.

Таа предупредува дека овие лица потоа се сериозна опасност за  локалното население.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...