Двајца малолетници на мотоцикл тешко повредени во судар со „БМВ“

118

На патот Струга-Дебар ноќеска во два часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И. (39) од Струга и мотоцикл „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17 годишен малолетник и каде сопатник бил уште еден 17 годишен малолетник и двајцата од с.Лабуништа,струшко.

Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата ,,Св.Еразмо-Охрид’’. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...