На магистралниот пат Градско-Прилеп, дваесет минути по полноќ патничко возило „опел астра“, управувано од О.И.(37) од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија.
Возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. За време на увидот, од 30 минути по полноќ до 5 часот сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.