Двајца гостиварци киднапирале жена и ја криеле во мотел

292

Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина.

Според СВР Тетово, гостиварката Џ.С. (30) синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар. По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини А.А. (32) и Б.О. (46), двајцата од Гостивар. Тие со осомничени поради нивна инволвираност во противправното лишување од слобода.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и под какви околности се одвивал настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...