Двајца возачи загинаа во сообраќајка кај Демир Капија

Во моментот на несреќата од здобиените тешки повреди животот го загубил 40-годишниот возач на автомобилот „хјундаи“, жител на село Тремник. На пат кон медицинска установа, на повредите подлегнал и  возачот на  автомобилот „голф 3“​ , 51-годишен жител на Неготино.

1547

Јавен обвинител од Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, иврши увид на регионалниот пат Неготино – Демир Капија каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот.

Според првичните сознанија, несреќата се случила во 13.30 часот во близина на село Тремник, при директен судар на две патнички моторни возила кои се движеле по спротивни коловозни ленти. Во моментот на несреќата од здобиените тешки повреди животот го загубил 40-годишниот возач на автомобилот „хјундаи“, жител на село Тремник. На пат кон медицинска установа, на повредите подлегнал и  возачот на  автомобилот „голф 3“​ , 51-годишен жител на Неготино.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Местото на сообраќајната несреќа е фотографирано, скицирано и издадена е наредба за сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...