Двајца велешани биле нападнати од кучиња во петокот попладне околу 16 часот на ул. „Шефки Сали“.
Лицето Н.Ш. (33) и другар му Б.П. додека се движеле по улицата биле нападнати од пет кучиња скитници, непозната раса.
При обид да се одбрани лицето Н.Ш. било каснато од едно од кучињата за десната рака во делот на прстите, при што, била нанесена повреда.
Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на велешката општа билница, каснатиот бил примен на Инфективното одделение во болницата, каде му била дадена вакцина бидејќи кучето не било со маркица и не било третирано.
По направената преврска на Хируршкото одделение, каснатиот бил испратен дома, информира Андова.