Двајца браќа од Северна Ирска под истрага за смртта на 39 лица

Полицијата во Есекс соопшти дека Ронан Хјуз (40) и неговиот брат Кристофер Хјуз (34) од Арма се осомничени за убиство и трговија со луѓе.

138
ФОТО: EPA / VICKIE FLORES

Британската полиција денеска соопшти дека води истрага за двајца браќа од Северна Ирска поради смртта на 39 лица, чии тела беа пронајдени минатата недела во камион во близина на Лондон.

Полицијата во Есекс соопшти дека Ронан Хјуз (40) и неговиот брат Кристофер Хјуз (34) од Арма се осомничени за убиство и трговија со луѓе.

– Во моментов веруваме дека се во Северна Ирска, но тие се исто така се поврзани и со Република Ирска – рече главниот инспектор Стјуарт Хупер и додаде дека клучно за истрагата е двајцата браќа да бидат пронајдени и испитани.

Возачот на камионот-ладилник Морис Робинсон, кој е обвинет за смртта на 39 луѓе, беше на суд во текот на вчерашниот ден.

Детективите кои го истражуваат овој случај, покрај Робинсон, уапсија уште три лица, но тие се ослободени со кауција.

Фото: EPA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...