Двајца битолчани осомничени за говор на омраза на Мечкин Камен

Ним им се става на товар дека за време на прославата употребувале говор на омраза кој бил забележан на видео запис и емитуван на една од националните телевизии.

1638

Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија за утврдување факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин Камен. Во обвинителството е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола, против две лица и други непознати лица за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ од член 319 од Кривичниот законик.

Со кривичната пријава на двајцата осомничени, жители на Битола, заедно со засега сѐ уште непознати лица, им се става на товар дека за време на прославата употребувале говор на омраза кој бил забележан на видео запис и емитуван на една од националните телевизии.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп во континуитет презема дејствија за да го расчисти кривично правниот настан.​

М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19) од Битола на 02.08.2018 година околу 13 часот на „Мечкин Камен“ во Крушево, организирано присуствувале на прославата на националниот празник „Илинден“ како дел од група составена од навивачи од повеќе навивачки групи. За време на положувањето на цвеќе од присутните делегации, провопријавениот М.Д., второпријавениот Ѓ.Д. и други лица, стоејќи во непосредна близина до ВИП ложата, спроти бината каде се одржувала манифестацијата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...