Двајца Белгијци залутале во Генералштабот

754

Во скопската полиција вчера во 18.40 часот било пријавено дека М.Л.(24) и Р.Р.Г.(27), двајцата од Белгија, влегле во дворот на Генералштабот на Армијата на улица „Орце Николов“.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и лицата изјавиле дека залутале и ја прескокнале оградата. Се работи на расчистување на случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...