Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк повика шефовите на клубот да не го продаваат Пол Погба, кој не ги оправдува очекувањата.
– Тој не треба да го напушти Јунајтед. Нормално е да те гледаат под лупа, кога си во Јунајтед и секогаш ќе се најдат луѓе, кои ќе те критикуваат при слабо претставување. Тоа е дел од играта – изјави Јорк пред „ТалкСпорт“.
Тој смета дека Погба се уште се наоѓа во фаза на развој и ќе созрее.
– Не верувам дека тој излегува со мислата да игра слабо. Се уште не може да се изрази себе си. Се се сведува на карактерот и до тоа да ги разбереш карактерите на луѓето, кои си ги довел во клубот – вели легендата на „црвените ѓаволи“.
Јорк додаде дека Французинот треба да даде поголем придонес во дефанзивен план, но не станува збор само за него, туку за сите останати.
– Пол е шоумен, одлично момче. Не можеш да му го одземеш тоа, бидејќи тоа е дел од неговата личност. Тој сака да се изразува на тој начин. Погба сака да се забавува, но понекогаш не го добива тоа право – додаде поранешниот играч на Јунајтед.