Дванаесетгодишник е тешко повреден откако го удрило возило во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 13.00 часот на крстосница од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје, патничко возило „Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(53) од Скопје удрило во 12-годишен пешак од Скопје. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде
му била укажана лекарска помош – велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.