Надворешната канцеларија Гостивар поднесе кривична пријава против 26-годишниот Х.Л. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“, соопштува Министерството за внатрешни работи.
-На 03.12.2017 година околу 03.20 часот во близина на кафетерија на улица „Браќа Гиноски” во Гостивар, пријавениот со употреба на физичка сила се обидел да изврши други полови дејствија над 22-годишната Е.Г. од Гостивар, при што и нанел телесни повреди и и ја одзел чантата. Судија на претходна постапка на пријавениот му определи мерка притвор од 48 часа-велат од МВР.