Дваесет и четиригодишник тешко повреден во сообраќајка кај Ваташа (ВИДЕО)

927

Кавадарчанец на 24-годишна возраст бил тешко повреден рано утрово во сообраќајна несреќа блузу кавадаречкото село Ваташа, кај Спомен паркот „12 младинци” во месноста Моклиште.

– Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот  пат Кавадарци-Мушов гроб, помеѓу возило марка „киа” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки” со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден – за Плусинфо рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тешко повредениот моторциклистот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка  Тереза” во Скопје. Направен бил увид на лице место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...