Дваесет и пет години од смртта на Дражен Петровиќ

На денешен ден пред точно 25 години животот трагично го изгуби еден од најголемите кошаркари на светот - Дражен Петровиќ.

211

На денешен ден пред точно 25 години животот трагично го изгуби еден од најголемите кошаркари на светот – Дражен Петровиќ.

Кошаркарскиот „Моцарт“ на 7 јуни во 1993 година со автомобил голф 2 управуван од страна на неговата девојка загина во директен судир со камион во Германија. Тогаш хрватскиот кошаркарски великан имаше 28 години.

Дражен кариерата ја почна во Шибенка, па прејде во Цибона. Продолжи во Реал Мадрид, од каде отиде во НБА во тимот на Портланд. Последен негов клуб беше Њу Џерси.

Има многу медали во репрезентативните и клупските натпреварувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...