Дваесет и осумгодишен таксист сексуално вознемирувал тинејџерка во Србија

615

Полицијата во Нови Пазар привела и сослушала 28-годишник поради сомнение дека синоќа сексуално вознемирувал 19-годишна девојка.

Осомничениот работел како таксист, а според пријавата на тинејџерката, вознемирувањето се случило во возилото, неофицијално дознава „Блиц“.

– Според нејзините зборови, тој за време на возењето го запрел возилото, почнал да и кажува дека е заљубен во неа и дека ја сака. Таа успеала да побегне од автомобилот, по што била известена полицијата – рекол извор.

Наводно, осомничениот извесно време работел и како професор во училиште во Нови Пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...