Дваесет и деветгодишна девојка e пронајдена мртва во село Волково. Информацијата за Плусинфо ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.
– Утрово во 9.50 пријавено е дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во близина на последната автобуска постојка во село Волково. Полициски службеници констатирале дека станува збор за 29-годишната М.Ѓ. од Скопје. Лекарот утврдил дека нема траги од насилство – велат оттаму.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.