Дваесет и две години ЛДП: Засадивме зимзелени дрва во едни од најзагадените општини во државата

93
Членовите и раководството на Либерално Демократската партија заедно со граѓаните го прославија 22-от роденден на партијата со активности посветени на здравата животна средина.

Со конкретни еколошки активности, ЛДП уште еднаш покажа дека е партија која активно учествува во борбата со загадениот воздух и даде скромен придонес во заложбата граѓаните да дишат чист воздух, информираа од Секретаријат на Либерално демократска партија.

Локациите кои ги одбравме за садење на зимзелените дрва, скопската општина Аеродром, како и општините Битола и Кичево во изминатите години важат за едни од најзагадените во државата.

Утре, 20. април, сабота продолжуваме со акција во Куманово, во 12 часот, покрај реката Кумановка кај маркетот Туш. Ги очекуваме сите членови, симпатизери и граѓани за заедно да дадеме придонес за животната средина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...