Семејство од Штип си го продаде целиот имот за лекување на болната ќерка. Ќе помогнат ли и граѓаните. 60.000 фунти за спас на МАМА. Вака 5-годишната Емили и 8-годишниот Антони, молат за донации неопходни за животоспасувачка операција на нивната мајка Соња, објави ТВ Стар.
Досега на интернет се собрани само 933 фунти, што е незначителен еден отсто од потребната сума.
Соња, е 36- годишна штипјанка , мајка, сопруга, ќерка, сестра, но и очеан пациент во напредна фаза на канцер. Три операции во Англија, Бугарија и Германија, не успеаја да ја оттргнат злокобната болест од нејзиното тело.
Започнат од јајниците, префрлен на дебелото, а сега и на тенките црева, ракот кај Соња никако да се повлече.
Соња во моментов е во болницата во Германија, со поглед преполн надеж и желба за живот, свртен кон нејзино семсјтво, но и родниот Штип и Македонија. Одовде ја чека за неа неопходната помош која живот значи.
Сите оние кои можат и сакаат да помогнат за спас на Соња, можат тоа да го сторат со упалата на следнава сметка 530500022024777 Охридска банка.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА