Да пишам? Пиши…

2384

Она у што веруев, у што крв ќе дадев за да докажам дека овој и овие никад нема да дозволат да го праат народот глуп, да мислат дека е стадо овци кај кои секое чудо поминуе за три дена, се изјалови, бе, Боки.

Еј, од зевчера се кријам од вмровијава. Ме дупат кај ќе ме видат, а неам со што да им вратам. Нит можам саглам да им се насмеам у сурат и да им покажам среден прст. Не бе брат. Абе ми ја сјебаа цела сила, цела енергија ми отиде у красни курац, нит на референдум мислам нит на нешто друго.Абе разбирам да доделуат грантови за иновации, ама, бар да го правеа тоа со усул бе човек. Со мерка, со малку почит кон мене, тебе, кон сите кои со душа чекаат да дојде живот. Кај се делат бе по сто, двеста, триста илјади евра на чера испилено пучанство, алооо? И за што? За кур се тресе проекти, бе Боки.

Нова печатница, еј? Па тоа ти е исто ко да ми даат пари да напраам нова куќа, да купам нов стан. Нова амбалажа за Алое вера, ти се молам. “Декодирај ме“, алооо!!! Па декодирајте го криминалот на вморијава, спакујте го у идризовкса амбалажа, бе ајвани, ама не го правете истото, не го правете народот глуп. Што ќе декодира снашка и’ на певаљкана, бе, Боки, ај кажи ми, што? Бравите у светска банка? Сателитине на НАСА?

Абе ај нек не ме дупат у здрав мозок. И пази, на овој или оној начин сите врзани ко црева со владини функционери и сарадници. Е тоа ми иба мајката. Не иде така, брат. Па дај им бе по 10, еве, по 15 илјади евра максимум, ама дај на поише души, не ги праи истите заебанции ко оние пред тебе.

Било транспарентно? Па чешки да не беше, мамицу им ибам. Баш таа транспарантност ми го поеба комуњарскиот концепт. До даска. На бандаж идам до пазар и назад.

Некни ти реков да пишеш да живее Зоран Заев. Сеа, знаеш што си викам? Да сибам све по список да сибам, е тоа си викам…
– Да пишам?
– Пиши…
П.С. Пишав, јбг… Тенкју…
(ФБ статус)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...