Адвокатот Димитар Дангов на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ побара судењето да се одложи за 29 мај, бидејќи обвинетиот Никола Груевски напладне ќе присуствува на соопштување на пресудата за предметот „Тенк“.
Во случајот „Траекторија“ обвинети се Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски поради тоа што во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.