Да не абортирав, ќе родев од своите силувачи – шокантна исповед на холивудска ѕвезда

Ешли Џад никогаш не ги именувала своите силувачи, но беше една од првите која го обвини продуцентот Харви Вајнстин за сексуално злоставување.

2180

Актерката и активистка на движењето #MeToo зборуваше на 10. Самит за женските права во Њујорк. Холивудкаста ѕвезда Ешли Џад јавно проговори за трите силувања и откри дека доколку не абортирала, ќе имала дете, откако забременила по едно од силувањата.

Џад зборувала за новиот закон за абортус, донесен минатиот месец во Џорџија, во кој се забранува абортус доколку може да се слушне отчукување на срцето на фетусот, иако тоа може да се случи и пред жената да утврди дека е бремена.

– Како што знаат сите, преживеав три пати силување. По едното од силувањата, забременив. И многу сум среќна што можев да извршам сигурен и легален абортус, зашто силувачот кој живее во Кентаки, како и јас која живеам во Тенеси, ќе имаше татковски права и во двете држави и ќе морав да бидам родител со својот силувач – рекла актерката.

Ешли Џад никогаш не ги именувала своите силувачи, но беше една од првите која го обвини продуцентот Харви Вајнстин за сексуално злоставување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...