По објавеното видео на Фејсбук, каде што змија шета по стадионот „Македонски лавови“, од општина Ѓорче Петров информираат дека денеска излегле да ја искосат тревата и да го уредат зеленилото.
– Тревата се коси навремено и напоредно на цела територија на Ѓорче Петров, особено по најавите за нагло затоплување на времето. Но, и покрај тоа, ги повикуваме граѓаните, доколку имаат забелешки, веднаш да пријават на телефоните во општината, како би можеле навремено да регираме – велат од општината за „Слободен печат”.
Од општината додаваат дека се уредува и зеленилото покрај ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ каде исто така имаше реакции за наводна појава на змии во задниот дел на училишниот двор.
– На одредени места речиси 10 години, за жал, тревата не е искосена од претходните раководства на општината. Го решаваме овој проблем – нагласуваат од општина Ѓорче Петров.