Да живее животот

1171

Животна приказна и сценарио за извонреден филм.

Еден нуркач, за жал го загуби животот во борбата со пролазот од 45 ц.м. полн со вода, обидувајки се боцата со кислород да им ја достави на малите фудбалери од Тајланд. Така избра. Храбро и ненаметливо.

Еден милионер направи капсули за извлекување на децата кои не можеа да се употребат, а потоа и сам отиде во пеколот кој траеше три дена. Водејки грижа за родителите, властите не дозволија да се објават имињата на спасените, додека сите не бидат на сигурно. Паметен потег, воден од емпатија.

Сребрените фолии во кои беа завиткани и насмевките на клинците заслуга е на целиот тим кој ризикувајќи ги своите животи, се обидоа и завршија невозможна работа.

Имате ли вие чувство дека се’ е до човечноста, а не во ебениот систем бил тој тајландски, македонски, грчки, англиски, белгиски, српски?

Победници во светот се всушност овие херои и фудбалски тим, кој никогаш нема да го видите да се расфрла со национализам, комити, балисти, четници, усташи, национална припадност или милионски договори.

Да ве е.. фудбалот, да живее животот…

 

Томас Џеферсон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...