Да бидеш готвач денес е плус – девојчињата обожаваат готвачи

Вака вели 17-годишниот Иван Мицков кој деновиве се врати од меѓународниот кулинарски натпревар „Бисер мора“ на Брач, кадешто освои сребрен и бронзен медал во поединечно натпреварување за јуниори.

280

Седумнаесетгодишниот Иван Мицков е добитник на две награди во поединечно натпреварување за јуниори, на Меѓународниот кулинарски натпревар „Бисер мора“ кој 14 години по ред се одржува во Супетар, на Брач и од кој големите шефови и негови ментори, Мајновски, Симоновски и Андонов, се вратија со златни медали.

Иван пак, освоил еден сребрен и еден бронзен медал во натпреварот за јуниори.

„Се вратив од Брач деновиве, а идејата да се пријавам на натпреварот за јуниори не беше моја, туку на мојот ментор, шеф Зоран Мајновски од ресторан „Естел“ и на професорката Василка Стефановска.

На натпреварот отидов со шеф Бобан Симоновски, шеф Дејан Карапеев, шеф Зоран Андонов и секако, со мојот ментор – шеф Зоран Мајновски кои се членови на македонската асоцијација на готвачи М.М.Ц.Ц.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...