Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ е познат по своите џентлменски манири, а тоа уште еднаш го покажа во Букурешт на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го повика Дачиќ да се фотографира со останатите министри.
Дачиќ потоа и пријде на Могерини и ѝ ја бакна раката, a Могерини не ја симнуваше насмевката од лицето. Дачиќ застана зад неа во редот и се фотографираше со останатите министри.