Видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на рускиот претседател, Владимир Путин, објави денеска руската новинска агенција ТАСС.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му приреди свечен ручек на Владимир Путин, на кој присуствувале повеќе од 100 функционери. Покрај големиот број на претставници од двете земји, на церемонијата присуствувале и јавни личности како Емир Кустурица, Милош Биковиќ и други.
На видеото се гледа како српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, ја пее руската песна „Каљинка“, а Вучиќ и Путин му ракоплескаат во ритамот на песната.