Дачиќ направи хаос на интернет со пораката на банкнотата од сто долари и одговори на коментарот на Амбасадата на САД

1411
ФОТО: Инстаграм

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјавил дека со пораката „Косово е Србија“ не ја уништил банкнотата од сто долари, ниту го навредил Бенџамин Френклин, чиј лик се наоѓа на неа, ами дека постапил во согласност со суштинската идеја на тој американски државник, кој имал мудра порака да дека „оној кој има трпение може да има што ќе посака“.

Тој го кажал ова поради коментарот на Амбасадата на САД во Белград, која реагирала на неговото учество во интернет предизвикот.

Амбасадата претходно рече дека „наместо да ја уништува банкнотата со ликот на големиот американски научник и државник Бенџамин Френклин, министерот Дачиќ можеби би можел да размисли за неговата изјава „Биди во војна со своите пороци, во мир со своите соседи“.

– Србија секогаш ќе се бори против лажна нарко држава и секогаш ќе тежнееме кон мир со сите соседи. Само Србија никогаш нема да ја третира својата земја како соседна како што тоа нема да го направи ни Америка. И како што тоа не би го направил ни Бенџамин Френклин. Тоа што го направив е почитување на универзалниот принцип на сите признати држави, па и САД и Србија – одговорил министерот.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...