Тоа што Северна Македонија не го екстрадира на Србија поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина претставува политичка одлука, смета шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
– Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува дали да го екстрадира или не. Тука очевидно во прашање се политички причини – истакна Дачиќ.
Тој потсетува дека така и Франција го пуштила Рамуш Харадинај и претставува проблем што Харадинај, но и други припадници на ОВК, нема да одговараат за воени злосторства пред судовите во Косово и пред Меѓународниот суд на правдата.
– Тие никогаш нема да одговараат. Тоа е аболиција за терористи, луѓе кои вршеле воени злосторства и тоа е неприфатливо. Морина и останатите никогаш нема да одговараат – нагласи министерот за надворешни работи на Србија, додавајќи дека „западните земји бараат Косово да стане членка на Интерпол, а тие не ја почитуваат таа организација“
EPA/ANDREJ CUKIC