Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина би прифатила предлог за поделба на Косово ако со нив се разговара без ментори.
– Ако би разговарале отворено за поделба на Косово без ментори, Приштина тргнувајќи од свои интереси, би го прифатила тој предлог – изјави Дачиќ во интервју за Блиц.
Тој наведува дека и големите сили кога ќе се спомене разграничување и поделба сметаат дека ќе има масовна преселба на жители бидејќи како што нагласи, не земаат предвид дека етничката состојба на терен веќе е во согласност со самиот предлог за поделба.
Дачиќ додава дека големите сили предлогот за поделба на Косово не сакаат да го разгледуваат бидејќи мислат дека прашањето за Косово го затвориле во 2008 година со тоа што признале независност.
Запрашан дали е точна изјавата на претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ дека претседателот на Србија Александар Вучиќ понудл југ на Србија за север на Косово, Дачиќ тврди дека „никакви разговори за обиди за трајно решение на Косово немало“.
– Имаше разни разговори во разни метрополи, размена на мислења, но немаше ништо официјално, Не знам каде некој можел да нуди такво нешто – изјави Дачиќ.
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC