Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска е децидна дека пратениците нема да гласаат за уставните амандмани за промена на името. Таа во дебата на тв 24 му порача на потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири да не губат време и веднш да одат на избор,и бидејќи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена и нема да гласа за промени на Уставот со цел промена на уставното име на државата.
Стојаноска порача дека доколку премиерот Зоран Заев ја повика на средба нема да оди, бидејќи прво не знае во кое својство Заев како претставник на извршната власт би ја повикал и категорично рече дека ќе одбие таква средба.
Пратеничката одби да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите. Стојаноска не прецизира дали пратениците потпишале „заклетва“ да не гласаат за измени на Уставот. Таа рече дека ставот да не се гласа за уставните амандмани е зклучок на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.