Дарт Вејдер се кандидираше за пратеник во Украина

88

Киевскиот Дарт Вејдер е регистриран како кандидат за пратеник во украинското Собрание од државната Централна изборна комисија.

Тој така и се потпишал во пријавата, како Дарт Вејдер. Го искористил последниот рок на 21 јули и барањето за кандидатура му е прифатено.

Кандидатот е роден 1987 година и е украински државјанин. Тој е регистриран како независен кандидат за претставник во Законодавниот дом. Бил предложен од партијата „Блокот на Дарт Вејдер” во изборната единица на Црноморското пристаниште Одеса. Тој е и сопственик на фирмата „Темната страна на моќта“, објави ТАСС.

На минатите парламентарни избори (2015) „Блокот на Дарт Вејдер” имаше 44 свои кандидати, кои носеа имиња на ликови од серијалот филмови „Војна на ѕведите“, како на пример – Јода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...