Дармановиќ: Усвојувањето на уставните измени ви ги отвора вратите за влез во НАТО

272

Црна Гора и Македонија имаат одлични односи. Силно ја поддржуваме имплементацијата на Преспанскиот договор и усвојувањето на одлуката за уставни измени во Собранието. Веруваме дека со овој чин е еден чекор напред во историска рамка. Влегувањето во НАТО и отворање на претпристапни преговори со ЕУ не е важно само за Македонија туку и за долгорочна стабилност на целиот регион.

Ова го истакна денеска министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ  на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домнаќин, шефот на македонската дипломатија Нкола Димитров.

-Црна Гора е активен заговорник на политиката за отворени врати на НАТО. Тоа го спроведуваме и во рамки на Јадранската повелба А5 и ќе продолжиме да и даваме целосна поддршка на Македонија на патот кон НАТО. Усвојувањето на измените во Собранието ги отвараат вратите за влез во НАТО и ние сме  радосни бидејќи Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО. Со ратификацијата на протоколот за пристапување во Алијансата Македонија ќе го направи регионот постабилен, рече Дармановиќ.

Димитров истакна дека Црна Гора и Македонија споделуваат заедничка визија за Балканот и Скопје е  благодарно на поддршката од Подгорица за зачленувањето во НАТО.

– Црна Гора е 29-та членка на НАТО и веќе ги доживуваат бенефициите од тоа членство, меѓу другото и во форма на драстично зголемување на странските инвестиции. Благодарни сме на политичката и конкретната подршка што ни ја даваат на нашиот пат за ние да бидеме 30-та земја членка, рече Димитров.

Двајцата министри денеска потпишаа Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора, за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

На министерот за надворешни работи на Црна Гора, Дармановиќ, утре, на свечена церемонија, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола ќе му ја додели титулата Почесен доктор на науки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...