Дарко Димитров на Евросонг со песни за две држави

Со ова, Дарко втора година по ред ќе оди на „Евросонг“ со песни за две држави.

1512

Композиторот Дарко Димитров втора година по ред е еден од авторите и на македонската и на српската евровизиска песна, пишува „Репортер.мк“.

Дарко заедно со Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски е еден од тројцата композитори што ја направија песната „Proud“ за Тамара Тодевска, а која ќе биде промовирана оваа недела. Тој го направи аранжманот и за песната „Круна“ на Невена Божовиќ, која победи вчера на „Беовизија“ и ќе ја претставува Србија на „Евросонг“ во Израел во мај.

Со ова, Дарко втора година по ред ќе оди на „Евросонг“ со песни за две држави. Лани тој го направи аранжманот за песната „Нова деца“ за Србија, а беше продуцент на песната Lost and found што ја пееја „Ај Кју“.

Според правилата на ЕБУ, Димитров на „Евровизија“ може да оди како дел од авторскиот тим на една од двете држави, Македонија или Србија, по свој избор. Европската радиодифузна унија нема правило што вели дека еден човек не може да учествува во создавањето повеќе песни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...