Даријан Сотировски го честиташе Воскресение христово – Велигден

Тој упати честитка и до вселенскиот патријарх Вартоломеј и до поглаварите на соседните помесни православни цркви.

235

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски упати честитка до Светиот архиерејски синод, до свештенството на МПЦ-ОА, и до сите христијани во нашата земја по повод големиот христијански празник Воскресение христово – Велигден.

„Ваше Блаженство, Ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, со искрени желби за духовен мир и благосостојба кај секој еден православен верник во нашата татковина и ширум светот. Нека празничните денови ја разбудат човечноста и солидарноста меѓу граѓаните. Сведочејќи како секојдневно ширум светот се разапнува и страда христијанството, ни останува и на овој светол ден во мир и молитва да се надеваме на силата на Воскресението, за кое Св.Јован Златоуст рекол „Преку Воскресението Христово се надминати сите човекови проблеми“. Христос Воскресна!“, се вели во честитката од Сотировски.

Тој упати честитка и до вселенскиот патријарх Вартоломеј и до поглаварите на соседните помесни православни цркви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...