Откако во претседателскиот кабинет на Стево Пендаровски, израелскиот амбасадор Дан Оријан направи „стој на раце“ и изненади многумина, тој на социјалните мрежи напиша „Знам дека не е традиционално дипломатски. Но, ако морам да стојам на моите раце за да ја промовирам идејата за вклучување и партнерството со луѓето со попреченост, јас сум подготвен повторно да го сторам тоа. На многу места, јас сум подготвен да скокнам заедно заедно со нив , а тие да застат на моите раце …. “
Неговата фотографија како стои на раце , е дел од изложбата на фотографии „Скокаме заедно“ , која е отворена во Skopje City Mall. Изложбата е во соработка со Амбасадата на Државата Израел и Acta Non Verba.
„Скокаме заедно“ е нова изложба на фотографии која раскажува неконвенцијални приказни. Тоа е изложба која претставува скок против природата, скок до взаемно разбирање, скок за коегзистенција и скок за подобар свет.
Чувствувајќи дека во Македонија голем дел од јавноста не ја разбрала неговата постапка кај претседателот Стево Пендаровски, Амбасадорот Оријан, дообјаснува дека кога зборувал со Пендаровски и разговарале за изложбата, претседателот прашал дали тој навистина може да го направи тоа.
– Претседателот ме праша дали навистина можам да го сторам тоа … и прашав дали можам да го направам овде во канцеларијата. Реков зошто да не … Тоа е заради добра причина. И по објавувањето на официјалниот состанок тој ја сподели и мојата помалку официјална слика, оваа. Се надевам дека никој не е навреден поради ова, напиша Оријан.
Изложбата „скокање заедно” вечерва ќе биде отворена во Охрид.
.